Филипче: Важно е да се поддржи училишниот процес, потребно е граѓаните да се вакцинираат

пред 3 години

Во пресрет на новата школска година, министерот за здравство Венко Филипче порача дека многу е важно да се поддржи училишниот процес со тоа што граѓаните ќе се вакцинираат. На овој начин, како што рече тој, ќе овозможиме децата да имаат безбеден училишен процес.

„ Утре започнува училишната година која ќе биде со физичко присуство. Ова е многу важно за децата и учениците бидјеќи недвосмислено сите анализи покажуваат дека тие мора да одат на училиште и дека повторно одлагање на учебната година или учење онлајн е на нивна штета. Речиси сите земји во светот го вратија нормално училишниот процес, ќе го направиме тоа и ние“ изјави Филипче.

За граѓаните кои од разбирливи причини бараат онлајн настава, министерот Филипче им порача дека доколку се влошува состојбата или вирусот почне да се шири во училиштата, подготвени се алтернативни решенија. Во тој случај, здравјето на децата нема да биде доведено во прашање.

„ Со оглед на тоа што искуството од минатата година покажа дека трансмисијата на вирусот во училиштата беше прилично ниска, нема такви очекувања“ рече тој.

Филипче дополни дека бројките за ефикасност трета недела по ред ја потврдуваат ефикасноста на вакцината како оружје против Ковид-19. Болниците се за жал полни со невакцинирани пациенти кои претставуваат 90% од сите хоспитализирани, нагласи Филипче.

„ За жал, исто така имаме се поголем број на млади пациенти со тешка клиничка слика бидејќи сега вирусот се штити кај нив. Затоа тие мора да се свесни дека никој не е заштитен и што побрзо да се вакцинираат“ порача министерот Филипче.

Share
Scroll to Top