„Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните“, велат од Левица

„Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните“, велат од Левица

пред 4 часа

„Новиот бран поскапувања на основните прехранбени производи е уште еден доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема стратегија за справување со растот на трошоците за живот. Додека граѓаните секојдневно плаќаат сè поскап леб, брашно, тестенини и останати основни производи, власта се крие зад статистики и празни уверувања дека инфлацијата е под контрола. Реалноста во маркетите е сосема поинаква – секое одење во продавница значи помалку пазарени производи за истите пари. Според објавените податоци, токму лебот и печивата бележат најголемо поскапување во мај, што директно ги погодува најсиромашните семејства бидејќи станува збор за основни животни намирници“, велат од партијата Левица.

„Причината не е единсвено движењето на цените глобално туку и тоа што Македонија нема сериозна политика за заштита на домашното производство, нема ефикасна контрола на пазарот и нема долгорочен план за намалување на зависноста од увоз. Наместо навремени мерки, Владата реагира дури откако штетата веќе е направена.

Потребни се конкретни решенија! Најпрво, потребна е засилена контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата за да се утврди неоправдано зголемување на цените. Понатаму, власта мора да обезбеди директна поддршка за домашните земјоделци и прехранбената индустрија преку субвенции за енергенси, репроматеријали и модернизација на производството. Исто така, неопходно е формирање државен фонд за интервентни резерви на основни прехранбени производи кој би интервенирал во услови на нагли ценовни шокови. Најнакрај, нужно е зголемување на минималната плата во согласност со реалниот раст на трошоците за живот, а не според политички пресметки.

Граѓаните не можат да живеат од статистички податоци изнесени на владините прес-конференции. Тие купуваат храна со реални пари и секој ден лично сведочат како нивната куповна моќ се намалува – како осиромашуваат. Ако Владата навистина сака да им помогне на граѓаните, време е да понуди конкретни економски мерки наместо оправдувања и ветувања“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Текстот „Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните“, велат од Левица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top