Повторно активен пожарот над Битола

ЦУК: Два пожара се активни, а еден е ставен под контрола

пред 2 месеци

Два пожара се активни, а еден е ставен под контрола, соопшти ЦУК, согласно информациите до 13:30 часот.

Активен е пожарот во Македонски Брод кај село Тажево, крак кон Белица и кон „Јасен“, каде гори борова шума, како и пожарот на планината Серта на територија на Општина Штип, кај селата Хаџи Хамзали и Цршка кон Криволак каде е зафатена ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот кај Демир Хисар на Илинска Планина, меѓу селата Слоештица, Брежани и Плаќе со кој била зафатена ниска вегетација.

Текстот ЦУК: Два пожара се активни, а еден е ставен под контрола е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top