ЦУК повторно ќе го тестира системот за масовни известувања на граѓаните

пред 3 часа

Во текот на попладневните часови граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките можности за испраќање масовни известувања и аларми во случаи на кризни состојби, соопшти Центарот за управување со кризи.

Од таму појаснуваат дека станува збор за систем кој овозможува итни пораки да бидат испратени до сите корисници на мобилни телефони што се наоѓаат во одредена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Целта е навремено и ефикасно информирање на населението при пожари, поплави, земјотреси, опасни временски појави или други вонредни ситуации.

Од ЦУК велат дека воспоставувањето на овој систем е национална потреба и воедно законска обврска согласно регулативите на Европската Унија, кои бараат сите земји да располагаат со механизам за масовно информирање и алармирање на граѓаните во услови на криза.

Ваква порака беше испратена и пред четири недели, кога ЦУК ги информираше граѓаните дека е прогласена кризна состојба поради пожарите.

Текстот ЦУК повторно ќе го тестира системот за масовни известувања на граѓаните е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top