Шахпаска: Договори за развој на социјални услуги во 17 македонски општини

пред 4 години

Како Влада и Министерство продолжуваме во изградбата на концептот едно општество за сите, кое значи праведно, солидарно општество, кое што создава услови за учество на сите граѓани на еднакви основи, да учествуваат во општествениот живот, изјави денеска министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска по повод потпишувањето на Договорите за грант за развој на социјалните услуги со општините.

„Продолжуваме со потпишување на дополнителни десет договори, вклучително и руралните општини. Тоа се општините Чучер Сандево и Бутел со еден договор, Јегуновце, Теарце и Желино исто така во еден договор, потоа Крива Паланка, Кичево, Македонски Брод, Центар Жупа, Струга, Демир Хисар, Кавадарци и Струмица“, рече Шахпаска.

Таа истакна дека со новите 10, вкупно 17 општини имаат потпишано договори за грант за развој на социјални услуги, а до крајот на годината ќе бидат потпишани уште 7, со што вкупната бројка на грантови предвидена за оваа година е 24.

„Со потпишувањето на договорите, општините имаат обврска во рок од пет месеци преку општинските координатори и едукација на даватели на услуги да овозможат пружање на социјални услуги во домовите на стари лица и на лица со попреченост, како и поддршка на старите лица и лицата со попреченост во Дневните центри“, информираше министерката.

Share
Scroll to Top