Шолц доаѓа во Скопје, ќе се сретне очи в очи со Ковачевски

пред 2 години

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, како дел од својата дводневна турнеја низ регионот денеска ќе пристигне во Скопје, во прва официјална посета на нашата држава.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од владината прес-служба, Шолц и неговата делегација на платото пред Владата ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со нашиот премиер.

Шолц вчера ги посети Приштина, Белград и Солун.

По посетата на Скопје, германскиот канцелар заминува и за Софија. Се очекува теми на состаноците да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.

Share
Scroll to Top