Ѓорѓиевски вели дека заглавениот и заборавен проект за Момин Поток конечно се реализира со силно темпо

Ѓорѓиевски вели дека заглавениот и заборавен проект за Момин Поток конечно се реализира со силно темпо

пред 1 час

Долго време заглавениот и заборавен проект за Момин Поток конечно се реализира со силно темпо, во само три месеци од преземањето на функцијата Момин Поток влегува во клучна фаза – започна изградбата на новиот мост, објави градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски, во објава на Фејсбук, информира дека е започната монтажата на челичната конструкција на новиот мост кај клучката на Момин Поток.

-Денес се поставени двата главни носачи кон излезот од Скопје во правец на Визбегово.  Поради сложеноста на конструкцијата и фактот што носачите се изработуваат во префабрикувани услови, нивната монтажа ќе се одвива во неколку внимателно планирани фази. Новиот мост, со должина од 43,5 метри, ќе го премости булевар „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружниот тек. Оваа конструкција претставува клучна алка во целото сообраќајно решение и важен чекор кон модернизација на овој дел од градот – напиша Ѓорѓиевски.

Текстот Ѓорѓиевски вели дека заглавениот и заборавен проект за Момин Поток конечно се реализира со силно темпо е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top