Автомобил влета во автобусот со играчите на Реал во Германија

Автомобил влета во автобусот со играчите на Реал во Германија

пред 3 недели

Реал Мадрид утре од 21:00 часот гостува кај РБ Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Шпанците се фаворити за пласман во следната фаза, а во натпреварот влегуваат по победата од 4:0 над второпласираната Жирона во Примера. Лајпциг, пак, излегува во нешто послаба форма, бидејќи во последните пет натпревари има три порази. Патувањето на Реал во Германија беше турбулентно.

Имено, поради штрајкот на аеродромот во Лајпциг, Реал мораше да го одложи патувањето до крајот на викендот. Наместо директен лет за Лајпциг, авионот на Реал утринава во 11:38 слета во Ерфурт, а потоа играчите се префрлија во клупскиот автобус. Екипниот автобус и уште едно возило требало да одат по најбрзата рута до Лајпциг, но на пат се случила сообраќајна несреќа, пишува Билд.

На автопатот А4 меѓу Ајхелборн и Нора, бела Тојота Авенсис удри во автобус на Реал. Возачот на автомобилот направил грешка за време на престигннување. Штетата на Тојотата била околу три илјади евра. Сè уште не е утврден степенот на штетата на автобусот на Реал.

По кратко застанување, автобусот на Реал продолжил да вози, а сите инволвирани во несреќата останале неповредени. Околу 14:40 часот автобусот на Реал пристигна во хотелот Штајгенбергер во центарот на Лајпциг. Автобусот има видливи гребнатини на возачката страна.

Текстот Автомобил влета во автобусот со играчите на Реал во Германија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top