Ако вечерва не победи Пирло ќе добие отказ

Ако вечерва не победи Пирло ќе добие отказ

пред 4 години

Јувентус и Наполи конечно ќе го одиграат натпреварот, кој поради коронавирусот два пати беше одложуван. Вечерашниот натпревар ќе ја одреди иднината на тренерот на Јувентус, Андреа Пирло.

Јувентус во не така добро расположение го чека дуелот со наполитанците. Испаднаа од Лигата на шампионите, а во Серија А наместо за титулата се борат за место во Лигата на шампионите. Финасиска катастрофа му се заканува на Јувентус доколку не се пласира во Лигата на шампионите.

Поради тоа дуелот со Наполи е важен за Јувентус и Пирло. И Наполи има слични амбиции, да дојде барем до четвртото место на табелата.

„Газета дело Спорт“, тврди дека во случај на пораз, Пирло од вечерва нема да биде тренер на Јувантус, а не е сигурно дека ќе ја задржи работата доколку натпреварот заврши без победник.

Доколку се случи Пирло да доби отказ, на неговото место би можел да дојде помошникот Игор Тудор или пак во клубот ќе се врати поранешниот тренер Масимилијано Алегри.

Share
Scroll to Top