Ако Мамардашвили остане Димитриевски би можел да ја напушти Валенсија

Ако Мамардашвили остане Димитриевски би можел да ја напушти Валенсија

пред 4 месеци

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски (30) на 12 јуни како слободен играч, по пет сезони го напушти Рајо Ваљекано и се пресели во Валенсија.

Димитриевски од „Ваљехас“ замина како голман со најмногу настапи за овој клуб.

„Среќен сум што ќе го носам дресот на овој голем клуб. Импресиониран сум од стадионот и навивачите“, изјави Димитриевски по пристигнувањето во Валенсија.

Иако летово пристигна на „Местаља“, македонскиот репрезентативец би можел да ја напушти Валенсија до крајот на преодниот рок.

Димитриевски има интересна клаузула во договорот со „лилјаците“. Доколку Георги Мамардашвили остане во клубот, Димитриевски ќе може да ја напушти Валенсија за само 3.000.000 евра. Оваа клаузула вежи до последниот ден од летниот преоден рок.

Мамардашвили и на ЕП ги покажа своите квалитети, беше еден од најдобрите играчи на Грузија, која како дебитант сензационално избори пласман во осминафиналето.

Валенсија се надева дека ќе го продаде голманот за 30.000.000 евра.

Share
Scroll to Top