Алиоски на Твитер се збогуваше со Пандев и Ангеловски

Алиоски на Твитер се збогуваше со Пандев и Ангеловски

пред 3 години

Неуморниот лев бек на македонската фудбалска репрезентација, харизматичниот Езѓан Алиоски одигра одлично на ЕУРО 2020, постигна и еден од двата гола за Македонија на ЕП, а денеска на социјалната мрежа Твитер се збогуваше со капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски.

„Горан Пандев, ти отсекогаш си бил вистинска инспирација за мене и секогаш ќе бидеш. Игор Ангеловски, во овие шест години заедно, ти направи да испишеме историја! Не може да се опише со зборови колку сум ти благодарен“ – напиша Џани Алиоски.

Share
Scroll to Top