Алкалоид го декласира Пелистер – Ангеловски си поднесе оставка

Алкалоид го декласира Пелистер – Ангеловски си поднесе оставка

пред 2 месеци

Фото/rkalkaloid.mk

Ракометарите на Алкалоид и по дербито со Еурофарм Пелистер останаа перфектни во домашниот шампионат. На патото до осмата победа во исто толку натпревари Алкалоид убедливо го порази актуелниот шампион со 32:25.

Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Мартин Серафимов со осум гола, шест постигна Бинго, а Никола Косетски до повредата на 20 минути до крајот на мечот запиша пет гола.

Единствен кој заслужи преодна оценка кај Пелистер беше капитенот Филип Кузмановски стрелец на 12 гола.

По мечот се случи она што подолг период го посакуваа навивачите на Пелистер, тренерот Бранко Ангеловски си поднесе оставка.

„Бранислав Ангеловски си поднесе оставка од функцијата прв тренер на Еурофарм Пелистер. Среќно понатаму Бранко, ти благодариме за се“, ја потврди одлуката на тренерот клубот од Битола.

Share
Scroll to Top