Алкалоид запиша нов триумф на Европскиот шаховски клупски куп

Алкалоид запиша нов триумф на Европскиот шаховски клупски куп

пред 9 часа

Во третото коло на Европскиот клупски куп, шахистите на Алкалоид имаа тежок дуел со израелски клуб, Бер Шива, во чии редови настапуваат шест велемајстори. Алкалоид победи со 3,5: 2,5 поени.

Индијскиот Велемајстор Ајрун Еригаиси ја потврди својата висока класа и одличен резултатски тренд оваа година со уште една победа, мошне значајна за конечниот исход во мечот. Со црни фигури, го совлада велемајсторот Виктор Михалевски.

Сите останати партии завршија со реми.

По три одиграни кола само осум екипи останаа со максимален учинок од три побeди и во последните четири кола низ меѓусебни дуели ќе го одлучат победникот.

Накусо кажано, преку постигнатите резултати се докажа дека најсилните осум екипи по рејтинг на крајот од третото коло се наоѓаат во водство на табелата со максимален број на победи.

Алкалоид во четвртото коло за противник ќе го има словенечкиот „Тајфун“ кој е шести носител.

Share
Scroll to Top