Младиот Шпанец Карлос Алкараз ја започна втората недела како број 1 на АТП листата. Алкарас со 6.740 бодови е прв, на второто место со речиси 1.000 бодови помалку е Норвежанецот Каспер Руд (5.850).
Трет е сонародникот на Алкараз, Рафаел Надал, а потоа следат Русинот Данил Медведев, Германецот Александар Зверев, Гркот Стефанос Циципас и Новак Ѓоковиќ.
На осмата позиција е Британецот Камерон Нори, потоа Русинот Андреј Рубљев и Полјакот Хуберт Хуркач.