Нема договор Левандовски-Барса, Баерн сака тој да остане

Нема договор Левандовски-Барса, Баерн сака тој да остане

пред 2 години

Роберт Левандовски уште не одлучил за својат иднина и покрај вестите на шпанските медиуми дека се договорил за трансфер во Барселона, тврди германскиот „Спокс“, додавајќи дека Полјакот е во преговори со Баерн за продолжување на договорот кој му истекува во 2023 година.

Според каталонскиот „Спорт“, Барселона му понудила четиригодишен договор и биле подотвени да платат до 60 милиони евра да го добијат фантастичниот напаѓач, но според германските извори 33-годишниот Лева нема направено ваков договор и се чека на понудди до неговиот агент, Пини Захави.

Шпекулациите за договорениот трансфер во Барселона се проблематични, бидејќи не само што каталонскиот клуб тешко дека може да извдвои 60 милиони евра, туку ќе биде уште потешко да му понудат иста плата каква што добива во Баварија (околу 25 милиони евра годишно) поради ограничувањата на шпанската Ла лига.

Share
Scroll to Top