Ал-Раџи со втора победа, Ал-Атијах на 17 минути до Петерхансел на две етапи до крајот

Ал-Раџи со втора победа, Ал-Атијах на 17 минути до Петерхансел на две етапи до крајот

пред 6 дена

Саудискиот возач, Јазид Ал-Раџи стигна до својата втора етапна победа на Дакар релито, триумфирајќи на 10-тата етапа, во која Насер Ал-Атијах го победи Стефан Петерхансел за второто место, но остана на 17 минити од водството на Французинот на две етапи до крајот.

Ал-Раџи беше најбрз во 342 километри долгата етапа од Неом до Алула, правејќи голема разлика, додека Ал-Атијах и Петерхансел беа вклучени во тесна битка за второто место. На крајот, Катарецот имаше 49 секунди предност на второто место, а трет беше Карлос Саинс со 4:12 заостанување. На две етапи пред крајот, Петерхансел е блиску до 14-та титула, со 17 минути пред Ал-Атијах и повеќе од еден час од Саинс.

Кај мотоциклистите, нов лидер е Аргентинецот Кевин Бенавидес, откако неговиот колега од Хонда, Чилеанецот Хозе Игнасио Корнехо падна и се откажа во текот на 10-тата етапа, во период кога имаше над 11 минути предност. Корнехо успеа да стигне на целта, но потоа потврди дека поради ризик од потрес на мозокот нема да ја доврши трката.

Бенавидес во Хонда сега има предност од 51 секунда пред уште еден колега, Американецот Рики Бребек.

Share

One Piece (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/Og2) Episode 641 at website https://kissanimeonline.com tower of god kissanime

Watch Slime Taoshite 300-nen, Shiranai Uchi ni Level Max ni Nattemashita Episode Preview at ANIMEFLIX animeflix sailor moon

Scroll to Top