Ал-Хелаифи: Мбапе и Нејмар се Парижани и ќе останат во ПСЖ засекогаш!

Ал-Хелаифи: Мбапе и Нејмар се Парижани и ќе останат во ПСЖ засекогаш!

пред 4 години

Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи им порача на сите клубови заинтересирани за Нејмар и Килијан Мбапе дека тие двајца се Парижани и ќе останат во клубот засекогаш и покрај шпекулациите за нивната иднина.

Договорите на двата најскапи фудбалери во историјата завршуваат во текот на летото 2022 година, и шпекулациите околу нивно заминување се постојани, посебно за помладиот Мбапе. Но, по минатогодишното финале во ЛШ и вчерашната елиминација на Барселона во осминафиналето, Ал-Хелаифи е сигурен.

„Мбапе и Нејмар се Парижани и ќе останат во Париз засекогаш. Тоа е јасно“, изјави Ал-Хелаифи за „РМЦ Спорт“.

Share
Scroll to Top