Американците ги поделија броевите за Токио

Американците ги поделија броевите за Токио

пред 3 години

Помалку од 20 дена останаа до почетокот на Олимписките игри во Токио. Членовите на кошаркарскиот тим на САД, ги поделија бројките на дресовите кои ќе ги носат на турнирто во јапонската престолнина.

Четворката ја доби Бредли Бил, петката Зек Лавин, шестката Демијан Лилард, а Кевин Дурент исто како и во клубот ќе ја носи седумката.

Последните два едноцифрени броја ги добија крис Мидлтон и Џереми Грент.

Асот на Бостон Селтикс Џејсин Тејтум ќе ја носи десетката, ветеранот Кевин Лав бројот 11, а 12 и 13 им припаднаа на Џру Холидеј и Бем Адебајо.

Последните два броја 14 и 15 се резервирани за играчите на Голден стејт Вориорс и Финикс Санс, Дрејмонд Грин и Девин Букер.

Мидлтон, Холидеј и Букер се своите тимови Милвоки Бакс и Финикс Санс ќе се борат за титулата во НБА лигата. Овие тројца во последен момент ќе и се приклучат на репрезентацијата.

САД, одбраната на златниот медал, ќе ја започнат во А-групата, против Чешка, Франција и Иран.

Share
Scroll to Top