Рио со посебна честитка за Кристијано: Уште тогаш знаеше дека е најдобриот!

Рио со посебна честитка за Кристијано: Уште тогаш знаеше дека е најдобриот!

пред 3 години

Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд му прати интересна роденденска честитка на поранешниот соиграч Кристијано Роналдо со старо видео во кое Португалецот уште на почетокот на блескавата кариера знаел дека ќе стане „најдобриот во историјата“.

„Тој знаеше уште тогаш“, напиша Фердинанд за 36-тиот роденден на Роналдо.

Роналдо пристигна на „Олд Трафорд“ како тинејџер откако го „маѓепса“ Сер Алекс Фергусон на пријателски меч со Спортинг Лисабон, и таму стана вистинска ѕвезда, пред да замине за Реал Мадрид, и на крајот да заврши во Јувентус. Самодовербата не му недостасувала, тоа е очигледно.

Share
Scroll to Top