На годишен одмор освојуваат медали за Сан Марино

На годишен одмор освојуваат медали за Сан Марино

пред 3 години

Олимписките игри во Токио засекогаш ќе бидат запишани во историјата на малата европска држава, Сан Марино. Државата од 30.000 жители, во саботата, го освои вториот медал на ОИ.

Пред неколку дена, Сан Марино го освои првиот медал во олимписката историја. Во стрелаштво, во дисциплината трап, бронза освои Алесандра Пирели. Денес, во истата оваа дисциплина сребро за Сан Марионо освоија Алесандра Пирели и Занмарко Берти.

Во мешани двојки, зад Сан Марино беа САД, додека златниот медал замина во Шпанија.

За да учествуваат на ОИ во Токио, Пирели и Берти зеле годишни одмори, во земјата се враќаат како вистински херои.

Share
Scroll to Top