Ангеловски: Вакв натпревар Македонија чека 30 години

пред 2 години

На официјалната прес – конференција спроти утрешниот натпревар против Косово од полуфиналето во Лига на нации, позитивна атмосфера во нашиот табор. Игор Ангеловски, селекторот на нашата најдобра репрезентацијата, изрази уверување дека Македонија ќе биде на максимално ниво и подготвени за победа. “Сигурен сум дека од нашите репрезентативци на овој меч ќе го видете најдоброто од нив. Овој натпревар Македонија го чека цели 30 години. Условите се невообичаени, но ние ќе се прилагодиме како целиот свет. Ќе одиграме максимално и во овие услови. Кажав дека мора да останеме со ладни глави. Меч, како и секој друг. Истиот пристап како и за сите така и за Косово. Самите се доведовме да бидеме во игра за ЕП. Добро знам што можат фудбалерите и дека тоа ќе го сторат. Наша задача е да се подготвиме за секое сценарио. Иако капитенот не е 100% подготвен овој меч се игра и на мотивација и на инспирација. Мислам дека ќе го дадеме максимумот. Нијансите се на наша страна, очекувам ние да одиме во финале“ истакна селекторот. Полуфиналето против Косово е закажано за утре од 20:45 часот, а со евентуална победа во ноемврискиот репрезентативен прозорец нè чека финале на гости или кај Грузија или кај Белорусија.

Share

animefreaks website. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

free anime AnimeFreak Bleach (Dub)

AnimeFreak Attack on Titan

dubbed anime Attack on Titan Final Season

Tokyo Ghoul

tải go88
Scroll to Top