Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против Украина, го прекршиле ригорозниот ковид-протокол.
Македонија, вчера доживеа пораз од Украина (1:2). До крајот на првенството, Македонија ќе гостува кај Холандија на 21.јуни.
Ангеловски и Пандев, со сопругите, биле на вечера во луксузен ресторан. Моментот го „уловиле“ романските медиуми.
Прашање е дали и како ќе реагира УЕФА, бидејќи селекторот и капитенот ги прекршиле ковид-протоколите и го напуштиле „меурот“.