Аргентина ја забележа и втората победа на стартот на квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година, откако на супер-тешкото гостување на надморска височина од 3.600 метри во Ла Паз, со пресврт стигнаа до 2:1 победа над Боливија.
Во минатото, Аргентинците доживуваа фијаско на гостувањето високо на Андите и им беше потребен и кислород во боци, но овојпат победата стигна на теренот, најмногу благодарение на Лаутаро Мартинез.
Марсело Морено во 26. минута успеа да ги донесе домаќините во водство, пред во финишот на првото полувреме, Лаутаро со помош на катастрофалната реакција на одбраната на Боливија израмни на 1:1. Мартинез беше дел и од акцијата за победничкиот гол, кога заедно со Лео Меси му креираа одлична шанса на Хоакин Кореа за 2:1 победа и совршен старт на тимот на Лионел Скалони.
Боливискиот селектор за Аргентина: Ќе им го изедеме џигерот на височина!