Ибрахимовиќ повторно ќе гра за Шведска

Ибрахимовиќ повторно ќе гра за Шведска

пред 3 години

Златан Ибрахимовиќ официјално се врати во репрезентацијата на Шведска. Напаѓачот на Милан доби повик од селекторот, Јане Андерсон, за квалификациските натпревари, за пласман на Светското првенство.

Ибрахимовиќ, последен пат за Шведска настапил на Европското првенство во 2016 година. По натпреварот со Ирска, тој објави крај на репрезентативната кариера.

Ибрахимовиќ досега има одиграно 116 натпревари за репрезентацијата, а со 62 гола е шведски рекордер.

Шведска ќе игра против Грузија и Косово во квалификациите за Катар 2022, а ќе одигра и контролен меч со Естонија.

 

Share
Scroll to Top