Асано „избега“ од Партизан, вели клубот не му плаќал навреме

Асано „избега“ од Партизан, вели клубот не му плаќал навреме

пред 4 години

Српскиот клуб Партизан остана без својот најдобар играч, Јапонецот Такума Асано, кој неочекувано на Велигден преку социјалните мрежи објави дека веќе нема да игра за „црно-белите“.

„Откако подолго време се мачев, се решив на оваа тешка одлука. Клубот покажа непочитување кон мене, откако подолго време не ја исплаќаше мојата плата во вистински износ. Уште има долг кој не е подмирен и никој не реагираше на моите молби. Тешко ми е што го напуштам клубот на ваков начин, бидејќи поминав важен дел од мојата кариера во клубот. Ќе бидам секогаш благодарен на сите кои ми помогнаа – Саво Милошевиќ кој ме донесе во клубот, Александар Станоевиќ, кој ме поддржуваше и ми веруваше, на соиграчите и на сите навивачи“, напиша Асано.

Share
Scroll to Top