Аталанта бара од Јунајтед да се одложи трансферот на Диало

Аталанта бара од Јунајтед да се одложи трансферот на Диало

пред 4 месеци

Аталанта побарала од Манчестер јунајтед да дозволи Амад Диало да остане во италијанскиот клуб до крајот на сезоната и покрај тоа што беше договорено 18-годишниот талент да пристигне на „Олд Трафорд“ во јануари.

„Ѓаволите“ го потврдија доаѓањето на Диало во текот на летото за фантастични 37 милиони фунти, но тој требаше да остане до јануари за да се обезбеди работната дозвола за Велика Британија. Оле Гунар Солскјер по 2:1 победата над Астон вила вчера изјави дека го очекува пристигнувањето на талентот, но Џанпјеро Гасперини вели дека ќе се обидат да го заддржат фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска уште неколку месеци во Бергамо.

„Имаме решение за остатокот од на сезоната, Амад Диало. Секако, Манчестер јунајтед сега го поседуваат, но може да остане уште неколку месеци“, вели Гасперини.

Диало имаше само два настапи како замена за Аталанта оваа сезона, со вкупно 35 минути, но сега по несигурната иднина на капитенот Алехандро „Папу“ Гомез, можно е да добие неочекувана шанса за поголема минутажа. Јунајтед ќе го постават тинејџерот во У-23 тимот, но Аталанта тврди дека поголем прогрес ќе има во Серија А.



Share

AnimeDao food wars animedao: Attack on Titan Final Season (Dub) (https://animedao.nl/m/Q0w4) Episode 14

AnimeTV free anime tv shows: Boruto: Naruto Next Generations (https://animetv.cc/m/ne2V) Episode 195

Scroll to Top