Атлетико Мадрид го победи Бетис и веројатно си осигура пласман во ЛШ

Атлетико Мадрид го победи Бетис и веројатно си осигура пласман во ЛШ

пред 1 година

Атлетико Мадрид стигна до 16. победа во Ла Лига оваа сезона откако на домашен терен го совлада Бетис со 1:0. Ова можеби ќе се покаже и како клучен триумф за тимот на Диего Симеоне за сигурен пласман во ЛШ и следната сезона. Сега Атлетико има девет бода предност токму во однос на петтопласираниот Бетис.

Анхел Кореа беше стрелец на победничкиот гол за мадридскиот тим во 86.минута од мечот.

Share
Scroll to Top