Атлетико се подготвува за зимски шопинг во Милано

Атлетико се подготвува за зимски шопинг во Милано

пред 3 години

Атлетико Мадрид се вклучи во трката за потписот на Франк Кеси од Милан. Фудбалерот одби да го продолжи договорот кој му истекува на 30.јуни 2022 година. Планот на Атлетико е во зимскиот преоден рок да го донесат Кеси на „Ванда Метрополитано“.

Милан не сакаат да ја повторат грешката која ја направија со Хакан Чалханоглу, кој летово без обесштетување замина во редовите на градскиот ривал Интер.

Поради тоа, Милан, ќе се обидат да го продадат Кеси шест месеци пред истекот на договорот.

Атлетико биле сериозно заинтерсирани за услугите на 24-годишниот фудбалер. Медиумите шпекулираат дека Атлетико понудиле 18 милиони евра во кеш и биле подготвени во Милан да го испрата Мексиканецот Ектор Ерера.

Покрај Атлетико интерес за Кеси досега покажале ПСЖ и Ливерпул. ПСЖ ќе се обидат да го привлечат со богат договор, доколку пристигне без обесштетување, додека Ливерпул наводно понудиле размена Кеси за Тијаго Алкантара.

Кеси е поранешен играч на Аталанта, за Милан има одиграно 184 натпревари на кои постигна 30 голови.

Share
Scroll to Top