Баварците на „прошетка“ во Рим, спектакуларни „ножички“ на Жиру за победа на Челси

Баварците на „прошетка“ во Рим, спектакуларни „ножички“ на Жиру за победа на Челси

пред 4 години

Баерн Минхен уште на гостувањето во Рим го одлучи двомечот со Лацио, триумфирајќи со убедливи 4:1 на „Олимпико“ во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите, додека на „Стемфорд бриџ“ Челси ќе има предност од 1:0 откако Атлетико Мадрид во Букурешт одиграа слаб меч, кој беше „спасен“ со фантастичниот гол со ножички на Оливие Жиру.

Дека Лацио нема што да бара против светскиот и европски шампион стана јасно во првото полувреме во кое Баерн направи 0:3 предност. Роберт Левандовски доби „подарок“ во деветтата минута од мечот за нов гол, младиот Англичанец Џамал Мусијала зголеми на 0:2 во 24. минута, пред Лирој Сане во 42. минута да донесе 0:3 за тимот на Ханси Флик.

Второто полувреме стана уште полошо за Лацио, откако Франческо Ачерби си постигна автогол во 47. минута, пред Хоакин Кореа две минути подоцна да постигне утешителен гол за домаќините.

На „Националната арена“ во Букурешт, каде што Атлетико беше домаќин на Челси, не се одигра најубавиот меч во Лигата на шампионите, откако посебно во првото полувреме двата тима немаа многу шанси, а Диего Симеоне дозволи Челси да го диктира темпото и поседот на топката. Тимо Вернер имаше убава шанса во првото полувреме, која ја одбрани Јан Облак, пред во второто полувреме, Оливие Жиру во 74. минута да постигне спектакуларен гол со ножички, кој по ВАР проверката беше признат.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Атлетико Мадрид – Челси 0:1

Лацио – Баерн Минхен 1:4

Share
Scroll to Top