Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге најави дека уште не е одлучена иднината на тренерот Ханси Флик, бидејќи наскоро ќе имаат состанок на кој ќе го убедуваат Германецот да остане по неговото барање за заминување.
По 3:2 победата над Волфсбург на 17 април, 56-годишниот Флик откри дека сака да замине од Баерн и покрај тоа што има уште две години од договорот, но Румениге вели дека се надева дека ќе се најде решение по неочекуваниот 2:1 пораз од Мајнц.
„Се договоривме дека ќе седнеме и ќе разговараме по мечот во Мајнц. Ќе ги исполниме барањата на Ханси и сите ќе седнеме заедно и ќе видиме решение со кое двете страни ќе се среќни“, вели Румениге.
Се верува дека Флик сака да го раскине договорот за да го исполни сонот и да стане селектор на Германија, откако сегашниот селектор Јоаким Лев потврди дека заминува по Европското првенство ова лето. Покрај тоа, тука е и конфликтот со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ околу дозволата Давид Алаба и Џером Боатенг да заминат ова лето без отштета.