Баерн нуди 80 милиони евра за Де Јонг

Баерн нуди 80 милиони евра за Де Јонг

пред 4 години

Баерн Минхен, во летниот преоден рок, ќе се обиде да го донесе фудбалерот на Барселона Френки Де Јонг. Спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ, смета дека Холанѓанецот, може да биде долгорочно решение во редот за врска на Баварците.

Баерн ќе се обидат да ги искористат финансиските проблеми со кои се соочува Барселона за да го реализираат трансферот на Де Јонг, иако тренерот Роналд Куман, јасно порача дека клубот нема шанси да го продаде 23-годишниот фудбалер.

Баварците за Де Јонг ќе понудат 80 милиони евра.

Барселона има големи долгови, за да го испочитува финансискиот ферплеј, до крајот на јуи, клубот ќе мора да врати околу 300 милиони евра. Медиумите шпекулираат дека поради тоа клубот ќе мора да продава играчи.

Интересно, Барселона, се уште на Ајакс им ја нема уплатено целата сума од трансферот на Де Јонг. Во 2019 година, трансферот изнесуваше 86 милиони евра.

Френки Де Јонг, од почетокот на сезоната има одиграно 27 натпревари, постигнал пет гола и забележал четири асистенции.

Share
Scroll to Top