Леванте не успеа да избори опстанок во Примера. Клубот кој е соочен со финансиски проблеми сега е соочен со заминување на главните играчи.
Леванте има проблем со финансискиот фер-плеј, до крајот на наредниот месец треба „закрпат дупка“ од 10 милиони евра, во спротивно ќе се соочат со казна од Ла Лига.
Јасно е дека клубот ќе треба да ги продаде најдобрите играчи, меѓу кои се и потенцијалните шпански репрезентативци Хозе Кампања и Гонзало Мелеро. Исто така сигурно е дека од клубот ќе замине и македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Токму за овие тројца фудбалери интерес покажа Валенсија, градскиот ривал на Леванте. Валенсија сака да го искористи лошиот финансиски момент во кој се наоѓа Леванте и за малку пари да добие тројца одлични фудбалери, со чии евентуален ангажман на „Местаља“ би го надоместиле извесното заминување на Карлос Солер.
Инаку, Барди и во зимскиот преоден рок се поврзуваше со неколку клубови од Шпанија (Реал Сосиедад, Бетис), Германија (Борусија Дортмунд) и Италија (Торино, Фиорентина, Лацио).