Барса го објави „олимпискиот“ гостински дрес за 2022/23

Барса го објави „олимпискиот“ гостински дрес за 2022/23

пред 2 години

Барселона го објави нивниот нов гостински дрес за сезоната 2022/23, со олимпиското злато како инспирација во знак на одбележувње на 30-годишнината на Олимписките игри во Каталонија – со боите на петте олимписки круга на ракавите и со мапа на Барселона како позадина.

Новиот дрес е промовиран со паролата: „Оганот живее“ и со порака дека „начинот на кој олимпискиот дух го движеше градот Барселона кон новата ера уште гори и е дел од секојдневниот живот на сите мажи и жени“.

Како и домашниот дрес за 2022/23, дресовите кои ќе ги носат фубалерите и фановите се изработени од 100 отстотен полиестер, произведен од рециклирани пластични шишиња.

Share
Scroll to Top