Ракетата на Ракитиќ и Окампос го урнаа Атлетико

Ракетата на Ракитиќ и Окампос го урнаа Атлетико

пред 2 години

Севилја го победи актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид со 2:1, во дербито на 18.коло. Севилја ја продолжи трката со Реал, ја задржа втората позиција на табелата, додека Атлетико со третиот пораз во низа остана на петтото место.

Дуелот на „Рамон Санчез Писхуан“, го обележа Иван Ракитќ со голот во седмата минута. Хрватот од 30-тина метри испрати „ракета“ кон Јан Облак која заврши во голот.

Во првиот дел тоа беше единствениот шут и единствената шанса за играчите на Севилја.

Атлетико израмни во 33.минута, по корнерот на Лемар, највисоко скокна Фелипе и топката заврши зад грбот на Боно.

Атлетико доминираше во второто полувреме, создадоа неколку добри шанси, но не успеаја да постигнат гол. Казната ги стигна во 88.минута кога Окампос од непосредна близина го постигна вториот гол за Севилја.

Во 94.минута, Жоао Феликс до 25 метри ја погоди гредата, а веднаш потоа Окампос држејќи се за градите остана да лежи на тревата. Аргентинецот со амбулантно возило е префрлен во болницата во Севилја.

Share
Scroll to Top