Барса ќе му плати 33 милиони евра на Меси за „лојалност“ дури и тој да замине!

пред 2 години

Барселона ќе мора да му исплати на Лионел Меси дури 33 милиони евра во бонус за лојалност следното лето дури и тој да реши да замине како слободен играч, тврди „ЕСПН“. Аргентинскиот ас шокантно се обиде да замине во текот на летото од „Ноу Камп“, но откако клубот потврди дека ќе бара да се плати огромната оштета за него, тој се согласи да го исполни договорот и да остане уште една година во клубот во кој ја игра целата професионална кариера. Сега, Меси ќе може бесплатно да замине во јуни, а клубовите веќе во јануари ќе може да преговараат со него. Манчестер сити се фаворити за неговиот потпис поради финансиската моќ и Пеп Гвардиола на клупата, но се споменуваат и Пари Сен-Жермен и  Интер. Сепак, според „ЕСПН“, Барселона ќе му должат на 33-годишниот Аргентинец 33 милиони евра како бонус за лојалност, како дел од договорот кој го потпиша во 2017 година. Меси веќе добил половина од бонусот од 66 милиони евра во февруари и треба да ја добие втората „рата“ кога ќе му заврши договорот. Доколку си заминеше во текот на летото, Барселона немаше да треба да му го исплати бонусот. Ова не е првпат Барселона да се најдат во ваква ситуација – Нејмар подолго време е на суд со каталонскиот гигант токму за ваквиот „бонус за лојалност“ од 8 милиони евра, кој Барса сметаше дека не треба да го исплати откако Пари Сен-Жермен го откупи договорот на Бразилецот за 222 милиони евра.

Share

sunwin sunwin web sunwin tài xỉu

game sunwin tải sunwin apk sunwin

tải sunwin

sunwin sunwin apk game sunwin

tải sunwin

Scroll to Top