Барселона и Борусија ќе испратат понуди за Адејеми

Барселона и Борусија ќе испратат понуди за Адејеми

пред 3 години

Напаѓачот на Салцбург, Карим Адејеми, во јануарскиот преоден рок ќе го напушти клубот. Два клуба се тркаат за неговиот потпис, Борусија Дортмунд и Барселона. Скаутите на двата клуба подолг период го следеле германскиот репрезентативец.

Новиот тренер на Барселона, Чави, сака да ги има овој напаѓач во својот тим. Медиумите во Шпанија пишуваат, дека клубот, во наредните денови ќе испрати официјална понуда до Салцбург.

Барселона на Салцбург ќе му понуди 40 милиони евра, а на играчот пет годишен договор. Каталонците ќе играат и на картата дека Адејеми е навивач на Барселона.

Слични услови нудат и „милионерите“ од Дортмунд. Обесштетување од 35 милиони евра и договор на пет сезони со годишна плата од пет милиони евра.

Во целата оваа ситуација најмногу ќе ќари Унтерхахинг. Поранешниот клуб на Адејеми, кој се натпреварива во Четвртата Бундес лига, од трансферот ќе добие 22,5 отсто.

Од почетокот на сезоната Адејеми одиграл 22 натпревари, постигнал 15 голови за Салцбург.

Share
Scroll to Top