Бајиќ тренер на сезоната во АБА лигата

Бајиќ тренер на сезоната во АБА лигата

пред 4 години

Новиот македонски селектор, Драган Бајиќ е прогласен за тренер на сезоната во АБА лигата. Бајиќ со Игокеа избори пласман во плеј-офот, сезоната ја заврши со 19 победи и седум порази.

Бајиќ (47), доби 63,2 отсто од гласовите на тренерите, новинарите и навивачите. Во сите три категории Бајиќ доби најмногу гласови.

Во гласањето зад 47-годишниот тренер, завршија Јурица Големац од Цедевита Олимпија и Владо Јовановиќ од Мега.

Бајиќ, со исклучок на една сезона, целата кариера ја минува во Игокеа. Тој пред десет дена беше именуван за селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.

Share
Scroll to Top