Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Асмир Беговиќ, се огласи на Твитер, откако на мечот Данска-Финска, колабираше Кристијан Ериксен.
Брзата реакција на Симон Кјер , а потоа и на лекарскиот тим, му го спасија животот на Ериксен.
„Ставање на се повеќе и повеќе натпревари во кратки периоди ќе донесе поголеми здравствени проблеми за играчите. Се надевам дека оние кои ги носат одлуките ќе го забележат тоа“, порачал Беговиќ на Твитер.
The health and wellbeing of players has long been ignored. Shoving more and more games in more condensed periods will only lead to bigger health issues for players. Let hope the people in power will take notice at some point.
— Asmir Begovic (@asmir1) June 12, 2021