Суниса Ли стана петтата Американка во низа која ја освојува титулата во повеќебојот во гимнастиката, совладувајќи ја Бразилката Ребека Андраде, додека актуелната шампионка Симон Бајлс беше на трибините во знак на поддршка. Русинката Ангелина Мелникова освои бронза два дена откако го предводеше својот тим до тимската круна.
Женската гимнастика влезе во фокусот на Олимпијадата во Токио по одлуката на Бајлс да не ја брани титулата за да се фокусира на менталното здравје, но тоа не и пречеше на 18-годишната Ли да стигне до своето прво олимписко злато. Бајлс ги освои сите големи натпреварувања од 2013 до 2021, освен светското првенство во 2017 година.
Андраде имаше предност по прескокот на стартот на ротациите, но Ли стигна до златото со својата спектакуларна програма на двовисинскиот разбој.