Беневенто ги казнува фудбалерите по испаѓањето со Серија А со 12 часовно возење со автобус

Беневенто ги казнува фудбалерите по испаѓањето со Серија А со 12 часовно возење со автобус

пред 1 година

„Калчомеркато“ тврди дека Беневенто ќе ги „казни“ своите фубалери и тренерот Пипо Инзаги за испаѓањето од Серија А со тоа што ќе ги примора да патуваат 12 часа со автобус за последниот меч од сезоната против Торино.

Беневенто се надеваа дека во последниот меч во директен дуел со Торино ќе одлучуваат за опстанокот, но откако „Граната“ одигра 0:0 со Лацио во вторникот го обезбедија опстанокот. Според „Калчомеркато“, претседателот на клубот Оресте Вигорито не го прифатил испаѓањето најдобро и решил да не плати за авионските билети.

Бидејќи Беневенто е на југот на Италија, Пипо и неговиот тим ќе мора да патуваат со автобус 12 часа до северна Италија. Ова Вигорито го направил по консултации со ултрасите „Курва Суд“, кои ја отфрлија можноста тимот да игра со младински фудбалери. Беневенто минатата година имаа рекордна сезона во Серија Б и имаа одличен старт на сезоната и беа на 10. место по првата половина од сезоната, пред во последните 18 меча да остварат само една победа (против Јувентус на гости), 7 нерешени и 10 порази.

Share
Link with us
Game bài đổi thưởng
    Tao không top thì mày khỏi top so sweet tiny lêu lêu mãi yêu ^^ Trình anh không thiếu zxctube, anh thiếu con gà a đập anh vui
Scroll to Top