Американскиот селектор Грег Берхалтер ги пофали своите репрезентативци што го издржаа притисокот во финишот на мечот за 1:0 победа над Иран и место во осминфиналето, а се пошегува дека мачните девет минути продолженија на мечот го оставиле „без коса“.
Американците поведоа преку Кристијан Пулишиќ во првото полувреме, но нивната прва ѕвезда мораше да остане на клупата за второто по незгодниот удар кој го доби, за Иранците да „притискаат“ цело второ полувреме за израмнувачки гол, кој ќе ги поставеше нив во нокаут фазата и ќе ги елиминираше Американците.
„Имам помалку коса на главата сега! Со овие нови долги продолженија, верувајте ги броев сите секунди. Тоа е стресно. Но, сега сме подготвени за битка со Холандија. Горд сум на моите момци. Покажавме што умееме и дека знаеме да играме фудбал (сокер). Одигравме одлично прво полувреме, за во второто да покажеме дека сме посветени. Непоразени одиме понатаму“, вели Берхалтер.
Despite the stress, we’re glad to see coach Gregg Berhalter’s sense of humor is intact 😅
USMNT will face The Netherlands on Dec 3 📌 pic.twitter.com/jCJEgAG5kL
— 𝐓𝐡𝐞 𝐒𝐩𝐨𝐫𝐭𝐢𝐧𝐠 𝐍𝐞𝐰𝐬 (@sportingnews) November 29, 2022