Беше најголемиот талент за Сер Алекс, по 132 минути доби отказ во Хаг

Беше најголемиот талент за Сер Алекс, по 132 минути доби отказ во Хаг

пред 4 години

Некогашниот најголем талент што го видел Сер Алекс Фергусон – Равел Морисон ниту одблизу не ги исполни очекувањата. Доби уште еден отказ и тоа на понижувачки начин.

Англискиот фудбалер кој од минатата година настапува за селекцијата на Јамајка според легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед беше најголемиот талент кој тој го видел во тинејџерските денови.

Момчето родено во Манчестер доби прилика во Јунајтед уште пред една деценија, но од тогаш ги носеше дресовите на Вест Хем, Бирмингем, КПР, Кардиф, Лацио, Шефилд Јунајтед, Мидлсборо, шведски Остерсунд, а до овој викенд и на холандски АДО Ден Хаг.

Холандскиот клуб соопшти дека ја раскинува соработката со Морисон откако 27-годишниот фудбалер одигра само 132 минути во Ередивизија, со само еден старт во почетниот состав.

Share
Scroll to Top