Бејл е во добра форма

Бејл е во добра форма

пред 5 месеци

Герет Бејл би требало да дебитира за Тотенхем на натпреварот со Вест Хем кој ќе се одигра наредниот викенд. Велшанецот во последните денови од преоден рок се врати во Тотенхем. Тој оваа сезона е позајмен од страна на Реал.

Бејл не е со својата репрезентација, која синоќа во контролен меч беше поразена од Англија (3:0). Бејл останал во клубот за да работи дополнително на својата форма.

Како што пишува „Фудбал Лондон“ тренерите во Тотенхем биле пријатно изненадени од неговата физичка подготвеност. Бејл последен пат играл натпревар за Реал пред повеќе од четири месеци.

„Во Тотенхем се шокирани. На тренерите не и се верува колку Бејл се труди и каков пример им дава на помладите фудбалери кои тренираат со него. Би требало целосно да биде подготвен за натпреварите што следуваат“, пишува „Фудбал Лондон“.

Бејл во 2007 година од Саутемптон пристигна во Тотенхем за 15.000.000 евра, по шест години за 101.000.000 евра тој замина во Реал.

Share

Watch Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu: Shin Henshuu-ban Episode 11 at website https://animeplanet.cc anime planet safe

Watch The Rising of the Shield Hero Episode 11 (https://animeflix.nl/m/3mNw/ep-11) at website https://animeflix.nl anime flix app

Scroll to Top