„На Далас им треба подобар играч од Дончиќ“

„На Далас им треба подобар играч од Дончиќ“

пред 3 години

Шекил О’Нил го коментирал лошиот влез во сезоната на Далас Маверикс. Далас со скор од девет победи и 14 порази се наоѓаат на претпоследното место во Западната конференција. Маверикс, имаат само една победа на последните осум натпревари.

Прогнозите пред почетокот на сезоната беа дека Далас ќе бидат високо пласирани, најмногу поради Лука Дончиќ. Меѓутоа, Словенецот, не е на нивото од минатата сезона, иако зад неговото име стојат одлични бројки, 27 поени, 8,8 скока и 9,4 асистенции по натпревар.

„Потребен им е уште еден играч каков што е Лука, само малку подобар. Потребен им е Расел Вестбрук или Бредли Бил. Играч со срце. Играч кој се бори. Прозонгис? Тој не е таков играч“, рекол Шекил О’Нил.

Share
Scroll to Top