Бејл е „друг“ човек под Анчелоти, му се врати и насмевката!

Бејл е „друг“ човек под Анчелоти, му се врати и насмевката!

пред 3 години

Шпанска „Марка“, весник кој секогаш е добро информиран за ситуацијата во Реал Мадрид, оценува дека Герете Бејл е „поинаква личност“ оваа сезона под новиот тренер Карло Анчелоти, кој бил презадоволен од Велшанецот.

Напаѓачот претходно беше на немилост на претходниот тренер Зинедин Зидан, но и на фановите на Реал Мадрид и минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во Тотенхем. Но, под Анчелоти тој беше стартер во првиот меч од новата сезона, и Анчелоти бил презадоволен од неговото залагање на тренинзите и во соблекувалната.

На 32-годишниот Бејл не му пречело ниту тоа што го загуби дресот со број 11, и се вратил на бројот 18. „Марка“ смета дека причината за тоа е Анчелоти, кој знае како да се однесува кон Велшанецот и да му даде простор за игра, што тој го покажа и во минатото кога ги одигра најдобрите две сезони под италијанскиот тренер – во 2013/14 постигна 22 гола, а во 2014/15 17 гола.

Share
Scroll to Top