Герет Бејл, се враќа во Мадрид. Велшанецот нема намера да остане во Тотенхем, каде ја мина оваа сезона како позајмен играч. „АС“, сензационално најави дека Бејл ќе ја заврши кариерата.
Герет Бејл, сезонава се пресели во Тотенхем, за да може да се подготвува и да влезе во форма за настап на ЕУРО 2020. Не е тајна дека Бејл со голема страст игра за својата репрезентација.
Според „АС“, Бејл ќе се врати во Реал по завршувањето на сезона, од клубот би ги наплатил парите кои му следуваат за последната година од договорот, а по Европското првенство би ставил крај на кариерата.
Овој извор тврди дека 33-годишникот сакал повеќе време да минува со семејството и да му се посвети на омиленото хиби, голфот.
Бејл, од почетокот на сезоната настапил на 33 натпревар во дресот на Тотенхем, постигнал 14 голови и забележал три асистенции.