Боксер пукал во бремената девојка, па заврзана ја фрлил од мост

Боксер пукал во бремената девојка, па заврзана ја фрлил од мост

пред 4 години

Порториканскиот боксер Феликс Вардехо (27), поранешен учесник на ОИ во 2012 година во Лондон е обвинет дека ја убил бремената девојка.

Според информациите што синоќа ги пренесе „Њујорк Тајмс“, Вардехо и се предал на полицијата по потерата организирана против него.

Тој се сомничи дека ја убил бремената девојка, по што ја фрлил од мост.

Боксерот кој има прекар „Дијамант“ наводно девојката најпрво ја претепал, во организмот и вбризгал недозволени супстанци, и ги врзал рацете и нозете, на неа врзал бетонски блокови, па и пукал во стомакот и така врзана ја фрлил од мост.

Доколку се докажат обвинувањата, му се заканува смртна казна.

Share
Scroll to Top