Ботас и Мерцедес најбрзи, Леклер и Перез излетаа

Ботас и Мерцедес најбрзи, Леклер и Перез излетаа

пред 3 години

Валтери Ботас беше пред Луис Хамилтон во 1-2 на Мерцедес пред лидерот во генерален пласман, Макс Ферстапен во Ред бул во првиот тренинг пред Мексиканското ГП, во сесија во која асот на Ферари, Шарл Леклер и мексиканскиот фаворит, Серхио Перез во Ред бул излетаа на последната кривина и ги оштетија своите болиди.

Ботас имаше само 0.076 секунди подобро време од Хамилтон, додека Ферстапен заостана 0.123 секунди зад Финецот. Ферстапен има 12 поени предност пред неделната трка, која е првата од петте во само шест недели до крајот на сезоната и останува фаворит на патеката каде што неговиот Ред бул блескаше последните сезони.

На возачите им пречеше валканата патека, со многу прашина во воздухот на стартот на сесијата, пред состојбата да се подобри. Перез на крајот беше четврт најбрз, Леклер беше осми, зад Пјер Гасли (Алфа Таури), Карлос Саинс Јуниор (Ферари) и Фернандо Алонсо (Алпине). Естебан Окон во Алпине и Себастијан Фетел во Астон Мартин го комплетираа топ 10.

Share
Scroll to Top