Валтери Ботас, возач на Мерцедес, го возеше најбрзиот круг, на првиот тренинг пред трката за Големата награда на Емилја Ромања. Финецот, на легендарната патека во Имола, забележа време 1:16. 564 минути.
Првиот тренинг во Имола, го обележаа инцидентите во кои беа инволвирани Серхио Перез од ред Бул и Никита Мазепин од Хас. Два пати мораше да биде истакнато црвено знаме.
Перез имаше проблем со гумата, по контакт со друг возач, најверојатно Естебан Окон, кој веднаш потоа го паркираше болидот крај патеката, а Мазепин удри во ѕидот додека одеше кон својата гаража.
Веднаш зад Валтери Ботас, се најде неговиот тимски колега Луис Хамилтон, а трет беше Макс Ферстапен од Ред Бул.
Најдобрите десет ги комплетираа: Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алфа таури), Карлос Саниц (Ферари), Фернандо Алонсо (Алпин), Ленс Строл (Астон Мартин), Николас Латифи (Вилијамс) и Даниел Рикардо (Мекларен).