Браун: Хамилтон и Ферстапен титулата да ја решат на патеката, не кај стјуардите

Браун: Хамилтон и Ферстапен титулата да ја решат на патеката, не кај стјуардите

пред 3 години

Моторспорт шефот на Формула 1 и поранешен шеф на Ферари и Мерцедес, Рос Браун ги предупреди Луис Хамилтон и Макс Ферстапен титулата да ја решат на патеката без судири по контроверзното Италијанско ГП во Монца во неделата.

Највозбудливата трка за титулата во повеќе од една деценија имаше уште една драма во неделата на најбрзата патека на календарот, кога во борба за позиција Хамилтон и Ферстапен се судрија, а Ферстапен доби казна од три места на следната ГП трка во Русија. Ова беше втор судир меѓу двајцата ривали во пет трки, откако имаа брзински судир на Британското ГП во јули, за кој Хамилтон беше казнет, но потоа стигна до победата.

По ова следуваа низа обвинувања меѓу Мерцедес и Ред бул, а на осум трки пред крајот на сезоната, Браун се јави со предупредување.

„Јасно е дека двајцата возачи можеа да го избегнат инцидетот. Знам дека ова е последица на двајца возачи кои не сакаат да дадат ниту сантиметар на ривалот и штета е што не ни дадоа шанса да видиме битка до крај. Мислам дека и двајцата нема да попуштат до крајот на сезоната, но се надевам дека титулата ќе биде освоена на патеката, не на бариерите или кај стјуардите“, вели Браун.

Дејмон Хил: Лоша проценка или пресметан потег на Ферстапен

Share
Scroll to Top